Friday, June 10, 2016

Не бе брате нема правда!!!

     Револтиран, нервозен, разочаран, со гнев во очите се движам секој ден. Гледам на секој чекор упропастени животи, разурнати фабрики, напуштени домови, скршени луѓе. А кој е крив, кој не донесе до тука, до точка до која поблиску е дното, а 101 пат подалеку од врвот на провалијата, во која сме турнати, во која сме израснале. Сме раснеле додека сме пропаѓале, не заглавувале.
     Ќе речеш брат зошто толку го дрвиш, ама разбери ме брат морам.....морам да им го ставам макар и со сила прстот на главатa и да разберат. Да разберат дека се претворени во обична статистика, во обична цртичка, како оние од табланет, кога како овчички ги бележат кога одат на гласање, или ги влечат на некакви собиранки за „одбрана“ на Македонија. За која одбрана бе, брат, од кога ќе ја бранат..од мене..од тебе.....од нивните пријатели....кои е предавник, бе брат јас, ти, кој??? Јас ли сум предавник, зошто сакам утре да живеам подобро од денес..не сфаќам..зошто сум предавник, зошто сакам утре да сoздавам фамилија, која ќе сакам да живее подобро од мене....За тоа ли сум предавник???? Или сум можеби предавник, зошто не отидов после дипломирањето да побара да ме вработат во државна администрација, и да  плукнам во се за што се борев..Предавник сум зошто до сега никој не ми кренал телефон и не ми рекол дојди да ја „браниш“ Македонија.
        Предавник сум, хулиган сум затоа што осеќам револт, секогаш кога ќе прочитам за некоја неправда извршена врз некоја напатена душичка, како чичкото со марулите, кој за да си обезбеди 200 денари денес за леб, и патлиџан мораше да плати 15.000 денари казна, а до него некој има текстил со роба повеќе од бутик, ама не го виделе. Не дека не го виделе, него им било кажано да се направат на слепи, ама  мора брат да се прават тоа....Го дале својот задник под кирија, образот им е направен како ѓон од зимски кондури...Ништо не осеќаат. Викаш правда, закон, сите ќе ги стаса, тешко брат кај нас..Еве отвори весници прочитај види разгледај...човек украде 50 ќебапи, опс, одма затвор, одма пресуда,  друг рушел незаконски, брцнал со рачето во државниот буџет ама ништо, се прошета денес ко по модна писта..па и уште неубедува, не не сум јас крив, тоа некој така ви вика дека сум јас, ама не сум јас, јас не сум тој кој го слушавте на прислушуваните разговори. Тоа е некој друг кој ме глуми мене. Како бе брат да не си гневен ...Како бе брат правда, која правда бе брат...........
       Зарем правда е кога ќе злоупотребиш лице со интелктуална попреченост, за остварувања на своите гнасни сценарија........
        Нема правда брат, овде, овде брат од дамна е раштимана вагата на Јустиција, од дамна натежнува кон тие кои имаат повеќе пари, кои можат да ја купат правдата. Кои можат со сила да ја навалат на своја страна вагата на правдата. А како викаат кај има сила нема правдина брат!!! Затоа ни останува сами да си се избориме за правдината. И за нашата и за сите оние на кои им е потребна. 


П.С Се додека, некаков лажен комодитет ви е побитен од се друго, се додека партијата ја гледата како агенција за вработување, се дотогаш ќе тонете..ќе ерозирате морално како личност...ќе тонете и професионално, бидејќи и не сте биле а и нема бидете професионалци.....а нема да бидете се додека не се одглавите од фекалиите во кои сте  влегле, кога сте тропнале на вратата на партијата да бидете вработени како нејзини верни поданици.......До тогаш Бог и нас и вас да ние напомош.



Sunday, June 5, 2016

Шарам, марам, правда барам!!!!

    Сопствениот комодитет е нешто најдобро признавам. Кога зборуваш за сопствените проблеми  80% од луѓето им е гајле за нив, н 19% им е мило што ги имаш.....А само  1% од луѓето можат вистински да те сослушаат и да ти помогнат. Е во таков стил е изградено и нашево општество, луѓе на кои сопствениот комодитет им е најдобро решение, влегуваат како хрчаци во тркало и вртат ли вртат. Одат и се враќаат од работа, ја плукаат работата, државата, го пцујат општеството, системот.  Да имаат право системот е трул, расипан, смрди од внатре. А што тие/ние/јас   направиле  да го смениме тој систем????
      Не сме направиле ништо....излегуваме од работа седнуваме кафе и мрчиме, или легнуваме пред ТВ со таблетот во раце и плукаме и плукаме.....А не преземаме ништо.....Гледаме читаме како гинат луѓе во сообраќајки, се гасат животи поради лекраска грешка, гледаме лоши здравствени и образовни реформи, гледаме корумпирано судство.....а не реагираме......Е треба да почнеме да реагираме, треба јавно и непоклебливо да истапиме и да ја побараме правдата, не само за нас, него и за нашиот другар, комшија, роднина, за незнајниот, за мајката која цел живот ќе плаче на ладниот мермер..Треба да го нарушиме сопствениот комодитет, за да оние кои ќе дојдат после нас, да  живеат подобар живот, па дури и ние самите да живееме подобро утре. Што е нормално, да секој посакува да живее подобро утре од денес....Е таа борба бара жртва, таа жртва е сопствениот комодитет.
         Бојата од спомениците ќе се измие, но совеста и образот не. Совеста за тоа дека сме допуштиле некој да не претвори во хрчаци кои само вртат и вртат на тркалото, образот со кои некои од нас отишле да бранат криминал  со решение за работа издадено од партија, тешко дека ќе се измијат.


П.С Излезете луѓе прошетајте, бар еднаш после 6 од пред СЈО, да го видите напливот на енергија,  желбата за правда..Видете како луѓе кои се на крајот на 5 деценија или на почетокот на 6 деценија , излегуваат  и ја бараат правдата....ја бараат правдата за своите деца кои се по светот, или во кафичите расправајќи како системот нечини, а не се спремни да  го растурат сопствениот комодитет
П.П.С ДА МУ Е*АМ МАЈКАТА НА ЦАРОТ И ЦЕЛА ЦАРСКА СВИТА (Сашко Тасев Секс, Дрога, Рок енд Рол)