Thursday, March 2, 2017

Дали е потребна војна за да си ја покриете неспособноста

   Гледам и се чудам актери, доктори, директори на школи, установи т.н интелектуалци застануваат во „одбрана“ на Македонија. Епа баш сте самонаречени интелектуалци, луѓе кои гледаат само во општинските комитети, кои  чекаат партијата да им поможи за вработување, за функција, кои не го знаат значењето на зборот  животопис(C.V). И природно е очекувано „такви интелектуалци" да се најдат на улица бранејќи ја Македонија од  „непријателите“.
       Дали вашето место, функција вреди човечки живот, кој би се дал непотребно  ако дојде до екскалација на ситуацијата, дали сте свесни дека сте застанале во подршка на криминал на деструктивна политика, која пред себе го става сопствениот интерес. И секој оној кој ќе и застане на патот ќе биде најжестоко  казнет. Дали сте свесни дека казнувате цели генерации ради тесногледост и користољубие??? 
        Зошто наместо да гледаме кон минатото и да си покажуваме мускули еден на друг, и кој е над кој, кој е непријател, кој е предавник, да погледнеме кон иднината, кон развојот на општеството. И секако да прво самите да си го пронајдете местото во општеството не да зависиме од партиската книшка, која по се изгледа само краткорочно ви ги решава проблемите, а долгорочно ви отвора поголеми проблеми. Станувате нејзин роб.
         Точно и Шарените протестираа/вме, ама ние протестиравме  за подобра Македонија, каде економскиот и културолошкиот развој ќе е на прво место. Ние баравме Македонија, ослободена од криминал, Македонија каде секој ќе си го каже своето, без страв дека ќе биде осуден од општеството.
        Свртете се околу себе, живеете во загадена средина, се плашите дека со одењето на лекар може да ви биде полошо, знаете дека вашите деца се експериментални глувчиња, затруени од ефтини турски серии. Ама на тоа не реагирате пошо се плашите,  се плашите дека ќе бидете избркани на улица, ќе бидете одстранети од функцијата, која незаслужено сте ја добиле. Системот не ве убива него веќе ве убил ве претворил во роб, кој од појас нагоре е мртов, нема срце, мозокот ви атрофирал бидејќи се плашите да го користите. И на крај влегувате во војна само и само да ја покриете својата неспособност, безидејност, вашата лажна величина. ЗАСРАМЕТЕ СЕ!!!