Денес после три години неработење во Охрид, поточно во селото Пештани, беше (ре)-отворена селската амбуланта. Во Пештани до пред 3 години постоеше концесионер , од примарна медицина, кој ги покриваше реоните на Пештани, Трпејца, Љубаништа. Концесионерот функционираше со исти правила и принципи како да се наоѓа во Центар на Скопје без додатоци за патни трошоци и слично. Функционираше исто како во центар на било кој поголем град, каде со замавнувањето со еден прст можат да се соберат 1000 пациенти, колку што е доволно за да може еден концесионер за примарна здравствена медицинска заштита да функционира. На областа која ја покриваше амбулантата во Пештани по лична карта живеат 2000 луѓе, од кои поголем дел активно живеат во Охрид, со што нормално е да се насочат за здравствена заштита кон амбулантите за примарна заштита во Охрид. Дел по роднински и пријателски врски се запишуваат за матични пациенти во амбуланти во Охрид. Амбулантата во Пештани додека функционираше со предходниот концесионер функционираше со меѓу 650-800 пациенти, или во превод измеѓу 35.000-45.000 денари месечно. Пари со кои е плаќан комплетен медицински тим, доктор и сестра, трошоци, кирија, струја, вода, гориво одржување на возилo. Често пати докторката мораше да ги враќа поголем дел од својата плата за покривање на дел од овие трошоци. Вредно за напоменување е дека кога започна концептот на коцесионерство во примарната заштита, докторката која беше затекната таму во тој процес од свој џеб вложи околу 5500 евра за реновирње на руинираниот објект, за да може да ги задоволува потребите за нормално работење и прегледување на пациентите. Орданицијата располагаше со две ЕКГ, солукс лампа, апарат за шеќер, инхалатор, александров шприц(за испирање уши), работеше повеќе од предвидените 40 часа неделно.
До ФЗОМ и Министерството за здравство, секојдневно беа праќани писма со барање за решавање на судбината на амбулантата плус амбулантите во околните села Белчишта, Куратица,Лескоец од другата страна немаше разбирање ни да биде разгледан проблемот, за на крај онака соломонски стручњаците од двете институции да заклучат дека од знакот излез на Охрид до знакот влез во Пештани има 12.5км што не ги задоволува критериумите за рурално подрачје. После сите овие перипетии концесионерот, со загуба на лични средства во износ од 10.000 евра, две наполно оштетени возила со вредност од 9000 евра, возејќи по кривулестиот пат и во зимски услови кон Љубаништа, кога и автобусите на Галеб не се обраќаат на линија Пештани- Св.Наум, ја откажува својата концесија на оваа амбуланта. Бидејќи преку нејзе локалните и државните власти сакаат да го купуваат социјалниот мир во регионот.
И секако следи одговор на прашањето, што отвори денес градоначалникот Бакрачески заедно со секретарчето Димитар Спасески и директорот на ФЗОМ Сашо Стефаноски. Денес отворија, амбуланта во која не вложија ни 5 пари, него преку некој „закон за рурални подрачја“ донесен со дискреционо право на минситерот отворија амбуланта во која не вложија пет пари. Амбулантата има нова струјна инсталација, молерисана, покривот оправен да некапи на сметка на минатиот концесионер. Отворија амбуланта без медицински персонал, само со доктор, надвор од сите нормативи и закони.