Tuesday, February 28, 2017

Нема леб, ама може да се послужите со национализам

„Национализмот е тема за до 300 евра месечен приход. На нив им се сервира таа приказна. Кога платата ќе надмине 500 евра, тогаш почнува да се зборува за гардероба и кафулиња. Кога ќе надмине илјада, топ-тема се здравата храна, летувањата и зимувањата, а кога ќе се искачи на повеќе од три илјади, тогаш запира секое паламудење. Луѓето тогаш зборуваат за временската прогноза и за љубовта“, вели Рамбо Амадеус.
Ако не ви е јасно за што станува збор, најљубезно ве молам обидете се уште еднаш да го прочитате горниов текст, и прочитајте го пак се дур не сфатите како сте стигнале до ниво на кое сте стигнале. 
Дали не сфаќате, дека сте гладни, и дека гризете, и наместо сo леб ве ранат со најефтин национализам, зар не сфаќате дека бранејќи го неодбранливото, ставајќи се во служба на нечиви „квази идеали“(Чорба викаше за идеале гину будале), всушност го бркате најмилото од себе. Зар не сфаќате дека тонете во безидејност, поготово ние младите(сам се ставам во таа категорија), дека нешите другари од околните земји и Европа на свои 30 години, развиваат бизниси, иновираат технологии во разни области. Стануваат експери во своите области, ама прави експерти, не политички експерти.




Дали знаете дека на запад се протестира за почиста околина, за заштита на човековата средина, ама вас тоа не ве интересира, вас ве интересираат само „непријателите“. Дали сте свесни дека сте погубни за самите себеси, дека наместо прогрес и револуција, во себе носите деструкција, со која уништувате се околу себе. Дали сте свесни дека живеете во општество во кое, нема здравство, школството е сведено на експеримент, судството е претворено во проституција, и тоа не ви смета, ви сметаат „клетите непријатели“. Дали мислите дека сето тоа е воред?!


П.С Да се скараш со еден е ОК, со двајца и така и така, е веќе со тројца и повеќе вината барај ја во себе.