Monday, September 19, 2016

„Експерти“ и „експертска анализа“

Гледам, организирале пленарна седница за состојбите и причините за поплавите од 6 август. Таму се  собрале „експерти“ се кој од кој и ќе оценуваат (бранат) кој што направил и како направил. Нивното „експертско“  знаење се должи на долгогодишното калчиство во фирмите на вујче. Па така како „експерти“  решиле да заклучат кој и зошто е крив, или не  е крив, по принципот на партискиот суд, за состојбите, и за тоа дали можеле или не можеле да се спречат некои состојби, или да се делува превентивно врз нив. 
Додека тие мудруваат фактите викаат друго имам 22 починати лица, 30 повредени, имаме  онеспосoбенa делница, имаме штети на личен имот, за кои  и после 40 дена немаме информации колкави се, какви се  и пред се кој ќе ги плати.  После 40 дена ние немаме одговор дали несреќата би се спречила или би била помала, ако некој соодветно  си ја завршел работата. Дали МВР , сектор за патен сообраќај   потфрлил во моментот. Дали  има одговорност за неисчистените канали, или можда несоодветна реакција кај надлежните институции во однос на одржувањето на овие канали, санкции за они кои фрлаат земјоделски, градежен отпад во нив. Дали давањето на ангро дозволи за градба на објекти предизвикуваат изместување на  водните текови во Скопската котлина, кои придонесуват до ваквите настани.  Дали е извршена неконтролирана сеча на Скопска Црна Гора, која може да биде причинител за ерозија, лизгање на земјиштето. 

Сите овие прашања народот, пред се онај кој живее таму очекува да бидат одговорени, а и сите ние.  Снимањето пред камери,  организирањето „експертски“  дискусии кои завршуваат на ист начин како и секоја дискусија пред селска кооперација(само што дискутантите, земаат по 3000-5000 евра месечно државни пари)...едноставно немаат ефект. Затоа дајте ги одговорите, ама одговорите да  бидат поставени на правите адреси кај луѓе од соодветната област, а не за состојбите да ценат циркузанти, облечени во одела, платени од наши државни пари.



П.С Зборот експерт е намерно означен со црвено, бидејќи се работи за експерти, квази експерти кои во вреќа од здрави, зрели круши, го наоѓаат скапаното јаболко.


П.П.С Најгрдо нешто за мене во светот, е да собираш политички поени врз гробови...а кај нас во Македонија, баш тоа ни се случува, а тоа не е здраво..Тоа кажува колку ментално ни е заостанато општеството. 

No comments:

Post a Comment