Saturday, January 21, 2017

А војна да имаме???

„А, војна да имаме?“-М.П кон министерката за внатрешни работи  Г.Ј, извадок од бомбите на СДСМ.


    Деновиве ги гледам растрчани и впуштени во Дон Кихотски битки, против некои „силни непријатели“, на сето тоа додадена неинформираноста,  и техничката неписменост на народот се зголемува тој наплив за борба, против „ветерниците“. Е сега таа борба не е проблем, ама кај адолесценти, сите кои ја надминале таа доба, а се впуштаат во ваква борба, сериозно треба да размислат за посета на својот матичен лекар кои би ги упатил на понатомашно лекување. Затоа мојата препорака е со ладни глави, да се чита секое соопштение , и да се пристапува со одредена доза на сомневање кон се што ќе слушнете и прочитате, и видите, и секако најбитното од се проверете ги фактите. Денес е барем лесно, преку т.н интернет, тој памти се и знае се.
      Само на овој начин ќе се спасиме од нови жртви, кои ги посакуваат, се со цел да си го спасат нелегално стекнатото богатство, и да се спасат од одговорноста.

Wednesday, January 18, 2017

Направивте да ни се згади, од животот, да почнеме да хибернираме, Честитам!!!!

   Што е политика??? Политика е се она што не опкружува , се она од што живееме и за кое живееме. Политка е загаденоста на воздухот, политика е образовниот и здравствениот систем, од политиката зависи висината на минималната и просечната плата. Од политиката зависат работничките права, од политика зависи цената на нафтата, од политика зависи дали ќе имаш топол дом. Политиката е се таа е двигател, од неа се почнува и со неа се завршува, како што таа може да крене, може и да тресне.
     А што направивте вие??? Направивте да ни се згрози, да не мислиме на политика, да не не интересира ништо, да почнеме да хибернираме, и да ќутиме и дa се крстиме во тоа дека има и полошо. Браво ви честитам!!! 
     Создадовте роботи, кои го почнуваат и завршуваат денот со мисла што утре??? Што не гледаат подалеку од утре. А со која цел??? 
         Целта е јасна, да можете полесно да манипулирате со нив, им(ни) ги наполнавте главите со турски серии и ефтин  турбофолк, не убедивте дека сме ариеска раса, од која се потекнало. Не убедивте дека политиката е шљам, а вие ќе не спасите од шљамот. А уствари не сето тоа го правите со цел што побезбедно да си ги одвезете милионите, а нас да ни оставите да ги враќаме. Е кога ќе дојдат да ни наплатат за она што сте го зеле, можда тогаш ќе престанеме да хибернираме, ама ќе биде касно. Возот Македонија ќе биде опљачкан, ајдутите со товарот заминати, а ние ќе останеме со празни џепови.