Што е политика??? Политика е се она што не опкружува , се она од што живееме и за кое живееме. Политка е загаденоста на воздухот, политика е образовниот и здравствениот систем, од политиката зависи висината на минималната и просечната плата. Од политиката зависат работничките права, од политика зависи цената на нафтата, од политика зависи дали ќе имаш топол дом. Политиката е се таа е двигател, од неа се почнува и со неа се завршува, како што таа може да крене, може и да тресне.
А што направивте вие??? Направивте да ни се згрози, да не мислиме на политика, да не не интересира ништо, да почнеме да хибернираме, и да ќутиме и дa се крстиме во тоа дека има и полошо. Браво ви честитам!!!
Создадовте роботи, кои го почнуваат и завршуваат денот со мисла што утре??? Што не гледаат подалеку од утре. А со која цел???
Целта е јасна, да можете полесно да манипулирате со нив, им(ни) ги наполнавте главите со турски серии и ефтин турбофолк, не убедивте дека сме ариеска раса, од која се потекнало. Не убедивте дека политиката е шљам, а вие ќе не спасите од шљамот. А уствари не сето тоа го правите со цел што побезбедно да си ги одвезете милионите, а нас да ни оставите да ги враќаме. Е кога ќе дојдат да ни наплатат за она што сте го зеле, можда тогаш ќе престанеме да хибернираме, ама ќе биде касно. Возот Македонија ќе биде опљачкан, ајдутите со товарот заминати, а ние ќе останеме со празни џепови.
No comments:
Post a Comment