Saturday, November 19, 2016

Дали е време да се заборави Македонскиот синдром заб за заб, око за око!!!

         Сабота, прекрасен ден за прошетка, ги крстосуваме Скопските улици со пријател, кои го познавам долг период, и изузетно го почитувам, почнуваме онака неформални политички теми со нафрлање, во еден момент поминуваме на местото на поранешниот парк кај хотел Бристол, на чие место денес има неколку изворедно грди и глупави згради(бар за мој вкус). На мојата констатација дека на ова место треба вратен паркот, ми постави прашање кое ми ги размрда виугите, кое ето ме потикна на елобарација, дали не ти е доста од тоа Скопје личи на градилиште и од трошење на непродуктивност, на замарање со идиотски работи???
         Епа ке ви го кажам одговорот што и него му го кажав, да доста е...доста е од идиотски проекти, со кои си ги лечиме комплексите, со кои сакаме да покажеме дека сме надмоќни над другите, доста создаваме поделби....Треба да градиме општество со натпреварувачки дух..нешто што последниве 10 години го уништија и изфрлија како концепт, а поставија нов концепт на покажување сила и надмоќ. Преку таа сила и надмоќ уништија се што е вредено, ја уништија природата, историјата, здравството, школоството...Вршеа реваншизам, се дрзнуваа надвор од сите морални и христијански вредности на кои се повикуваат  да лажат, да клеветат, да приредуваат шоу преку тегнење за уши, легнување на земја....Да тоа што го направиле треба да им се наплати, ама треба да им се наплати лично нив, не на нивните семејства, не на нивните пријатели, не на нивните гласачи. 
             Затоа треба да испаднеме по доблесни и треба да престанеме да се држиме до онаа народната око за око , заб за заб.....него треба порано да делуваме превентивно, да го вратиме натпреварувачкиот дух во општеството..Да почнеме да го деконтамираме општеството од партијата. Да ја оставиме правдата да си ја врши својата работа,  да престанеме да мислиме дека сме над другите, за да некако успеме да ги вратиме вистинските вредности, и да им оставиме на идните генерации здраво општество.

            Знам дека ова звучи како еутопија, ама мораме да го консолидираме нашево општество, бидејќи единствен начин да се зачува постоењето на една држава еден народ е тоа....само и само преку создавање на здраво општество. Општество во кое главниот збор ќе го има индивдуата, ќе се слуша индивидуалниот а не партискиот став, по многу прашања. Партијата ќе биде сведена на маргините.


П.С Иако на членови на мојата фамилија во изминатиов период им беше вршена тортура, притисок, беа носени по судови, беа лажно пријавувани и клеветени...јас, ниту пак некој од нив нема  намера да се одмаздува за тоа, секој човек поединечно си го носи товарот на своите дела и недела.
П.П.С Ѓаволот на крај е како келнер, секогаш доаѓа со сметка .

Thursday, November 3, 2016

Апсолутната власт, апсолутно аздисува

     Хм, гледам и се чудам,  човек кој ете требаше да е прв социјалец во државава, кој требаше да се грижи за сите оние кои имаат некакви проблеми, кои требаше да помогне на безпомошните, на оние на кои им треба помош, онака безкруполозно, безникаква грижа на совест се однесува како „плејбој“, вози кое сака возило, ги вози најубавите девојки, ја има целата моќ во себе. Сето тоа би било во ред ако тоа го прави со свои пари и свој имот, не да „позејмува“ возило од службата со кој нема никаква допирна точка. Ама ето му се бендисало тоа возило, и мислел дека со него ќе „повози“ повеќе девојки, пошто ето детето има проблеми со самоувереноста, мислел дека ете Туарегот ќе му ја врати самоувереноста.
      И сето тоа не би било страшно, ако не разберевме на најсмешниот и најидиотскиот начин, да биде приведен од полицајци, поради возење во алкохолизирана  состојба и напуштање на местото на несреќа....де факто избегал од полиција. Ама бил бркан од „криминалци“, кои ето решиле вечерта успатно да му направат атентат на „најголемиот лик“ во Македонско Ослободителната борба од странскиот чадор. Ве молам не ме смејте.......најдете други жртвени јагниња и нив објаснувајте им за ликот и делото на „швалерот“.
       Но не само тој и не е сам, има и други , од кои вредно учеше, ете првиот министер ни сакаше и си купи „убавица“ од автомобил, чисто да ужива во неговите патувања. А секако сето тоа да го прави надвор од очите на јавноста, за која нема пари за операции, за која нема пари за цитостатици, за веце-а во училиштата и градинките. Градинките ќе се прават во иднина, ама мерцедесот ќе се купи сега.
         Па на крај дури и се одлучија да си ги исполнат  и влажните сништа , и да си изградат, цел лего стиропор град....а пуштија 100 млади животи да згаснат ради немањето пари за лекови и лекување во странство, при бидејки министерот за здравство(инаку пропаднат правник по професија), решил да купува симулатори како би научил да оперира, и да им држи предавање на неговите Охридски „колеги“.

Тодоров, објаснува како се оперира



П.С И на крај сето тоа убаво им врви бидејќи си имаат кученца, кои едноставно и за ситни коскички ќе си ги пенават устите, а нас ќе пробаат да ни го поматат умот. Ама ето мене не успеваат, си стојам настрана и си се смеам на нивните фикс идеи, за кои ако би бил доктор, од дамна би им препишал, престој во специјализирани установи.