Saturday, November 19, 2016

Дали е време да се заборави Македонскиот синдром заб за заб, око за око!!!

         Сабота, прекрасен ден за прошетка, ги крстосуваме Скопските улици со пријател, кои го познавам долг период, и изузетно го почитувам, почнуваме онака неформални политички теми со нафрлање, во еден момент поминуваме на местото на поранешниот парк кај хотел Бристол, на чие место денес има неколку изворедно грди и глупави згради(бар за мој вкус). На мојата констатација дека на ова место треба вратен паркот, ми постави прашање кое ми ги размрда виугите, кое ето ме потикна на елобарација, дали не ти е доста од тоа Скопје личи на градилиште и од трошење на непродуктивност, на замарање со идиотски работи???
         Епа ке ви го кажам одговорот што и него му го кажав, да доста е...доста е од идиотски проекти, со кои си ги лечиме комплексите, со кои сакаме да покажеме дека сме надмоќни над другите, доста создаваме поделби....Треба да градиме општество со натпреварувачки дух..нешто што последниве 10 години го уништија и изфрлија како концепт, а поставија нов концепт на покажување сила и надмоќ. Преку таа сила и надмоќ уништија се што е вредено, ја уништија природата, историјата, здравството, школоството...Вршеа реваншизам, се дрзнуваа надвор од сите морални и христијански вредности на кои се повикуваат  да лажат, да клеветат, да приредуваат шоу преку тегнење за уши, легнување на земја....Да тоа што го направиле треба да им се наплати, ама треба да им се наплати лично нив, не на нивните семејства, не на нивните пријатели, не на нивните гласачи. 
             Затоа треба да испаднеме по доблесни и треба да престанеме да се држиме до онаа народната око за око , заб за заб.....него треба порано да делуваме превентивно, да го вратиме натпреварувачкиот дух во општеството..Да почнеме да го деконтамираме општеството од партијата. Да ја оставиме правдата да си ја врши својата работа,  да престанеме да мислиме дека сме над другите, за да некако успеме да ги вратиме вистинските вредности, и да им оставиме на идните генерации здраво општество.

            Знам дека ова звучи како еутопија, ама мораме да го консолидираме нашево општество, бидејќи единствен начин да се зачува постоењето на една држава еден народ е тоа....само и само преку создавање на здраво општество. Општество во кое главниот збор ќе го има индивдуата, ќе се слуша индивидуалниот а не партискиот став, по многу прашања. Партијата ќе биде сведена на маргините.


П.С Иако на членови на мојата фамилија во изминатиов период им беше вршена тортура, притисок, беа носени по судови, беа лажно пријавувани и клеветени...јас, ниту пак некој од нив нема  намера да се одмаздува за тоа, секој човек поединечно си го носи товарот на своите дела и недела.
П.П.С Ѓаволот на крај е како келнер, секогаш доаѓа со сметка .

No comments:

Post a Comment