Хм, гледам и се чудам, човек кој ете требаше да е прв социјалец во државава, кој требаше да се грижи за сите оние кои имаат некакви проблеми, кои требаше да помогне на безпомошните, на оние на кои им треба помош, онака безкруполозно, безникаква грижа на совест се однесува како „плејбој“, вози кое сака возило, ги вози најубавите девојки, ја има целата моќ во себе. Сето тоа би било во ред ако тоа го прави со свои пари и свој имот, не да „позејмува“ возило од службата со кој нема никаква допирна точка. Ама ето му се бендисало тоа возило, и мислел дека со него ќе „повози“ повеќе девојки, пошто ето детето има проблеми со самоувереноста, мислел дека ете Туарегот ќе му ја врати самоувереноста.
И сето тоа не би било страшно, ако не разберевме на најсмешниот и најидиотскиот начин, да биде приведен од полицајци, поради возење во алкохолизирана состојба и напуштање на местото на несреќа....де факто избегал од полиција. Ама бил бркан од „криминалци“, кои ето решиле вечерта успатно да му направат атентат на „најголемиот лик“ во Македонско Ослободителната борба од странскиот чадор. Ве молам не ме смејте.......најдете други жртвени јагниња и нив објаснувајте им за ликот и делото на „швалерот“.
Но не само тој и не е сам, има и други , од кои вредно учеше, ете првиот министер ни сакаше и си купи „убавица“ од автомобил, чисто да ужива во неговите патувања. А секако сето тоа да го прави надвор од очите на јавноста, за која нема пари за операции, за која нема пари за цитостатици, за веце-а во училиштата и градинките. Градинките ќе се прават во иднина, ама мерцедесот ќе се купи сега.
Па на крај дури и се одлучија да си ги исполнат и влажните сништа , и да си изградат, цел лего стиропор град....а пуштија 100 млади животи да згаснат ради немањето пари за лекови и лекување во странство, при бидејки министерот за здравство(инаку пропаднат правник по професија), решил да купува симулатори како би научил да оперира, и да им држи предавање на неговите Охридски „колеги“.
Тодоров, објаснува како се оперира
П.С И на крај сето тоа убаво им врви бидејќи си имаат кученца, кои едноставно и за ситни коскички ќе си ги пенават устите, а нас ќе пробаат да ни го поматат умот. Ама ето мене не успеваат, си стојам настрана и си се смеам на нивните фикс идеи, за кои ако би бил доктор, од дамна би им препишал, престој во специјализирани установи.
Тодоров, објаснува како се оперира
П.С И на крај сето тоа убаво им врви бидејќи си имаат кученца, кои едноставно и за ситни коскички ќе си ги пенават устите, а нас ќе пробаат да ни го поматат умот. Ама ето мене не успеваат, си стојам настрана и си се смеам на нивните фикс идеи, за кои ако би бил доктор, од дамна би им препишал, престој во специјализирани установи.
No comments:
Post a Comment