Tuesday, April 26, 2016

И јас сум хулиган!!!

 Ако тоа да сакаш подобар живот, да сакаш право на свое мислење, ако борбата за подобро утре е хулиганство....Тогаш да јас сум хулиган, и тоа најлошиот.....Да хулиган сум.....
Едноставно таков сум, сака утре да живеам подобро од денес, сакам да можам со моите другари да седнам пиво на кафе....Сакам другарите, роднините да ми бидат тука.....Не сакам да ми  се раселуваат низ светот....Не сакам јас да бегам од тука......Ама ќе морам.....Не сакам оние кои имаат потреба од лек, да зависат од милоста на тендер мајсторите.....Не сакам корумпирано судство, не сакам да се тепам со полицајци.
  Сакам само слободно општество во кое секој ќе си го искаже својот став. Во кое стручноста, посветеноста ќе имаат поголема тежина од членската книшка. Сакам општество во кое ке се оценува човекот, делото..не партиската припадност.
  Е за такво општество вреди и треба да се води битка, дури и по цена на сопствениот комодитет, подобро со лисици на рацете и со крената глава, него ли со свиткана опашка во задник и со сендвич во рака.

Sunday, April 17, 2016

Сакаме слободно општество, засновано на вистински вредности

  Деновиве имаме протести, и како што кај нас бидува во последно време имаме и контрапротести. Е тука има една суштествена разлика, јас сум на протестите  по сопствена желба и убедување, да го искажам своето незадоволство од тоа по кај пат одиме ние како држава, како народ, пред се како општество. Дали сакаме општество на слободни луѓе, или сакаме група безрбетници, кои се спремни за сендвич, прошетка до Скопје, работно место да продадат буквално се, дури и својата „стручност“. А колку вреди стручноста??? Пострашно колку вреди образот??? Дали утре нема да ви биде непријатно кога на идните генерации ќе им кажувате, дека сте биле на контрапротести,  дека сте подржувале или замижувале пред криминалот, пред уривањето на системот на вредности. Уствари дали и би кажале како сте стигнале до вашето работно место??? Дали би кажале на кој начин сте го изгубиле достоинството???? Како сте се претвориле во бројка на списокот на потенцијални гласачи на партијата????
  Секако немате одговор на прашањата, имате само горчина во душата која нема како да ја избркате, сте ја голтнала, неможете да ја плукнете. Сте влегле во маѓепсан круг на голо преживување, кое ве прави гневни, прво на се околу вас, а после најстрашно и на вас. Е тука настанува проблемот, проблемот кога не можете да го кажете вашето мислење, мислење кое е различно од страшниот суд на партијата, која ве вработила, и ве претворила во безгласник, кој треба само да ракоплеска и да вика браво.
  Е токму такви им требаме што повеќе, луѓе должници, кои се спремни и сопствените мајки да си ги продадат за фотеља. Луѓе кои зачувувајќи си го својот лажен комодитет, ќе застанат во одбрана и на неодбранливото, на очигледниот криминал кој ни се случува пред очи, на очигледното казење преку лешеви, се со цел да се  спаси по секоја цена сопствениот задник, да се задржи власта.
  Баш против тоа излегувавме на улица задниве денови, да им дадеме јасно на знаење дека е доста од криминалот, доста е од монтираните политички случаеви, доста е од лагите, доста е од уривањето на вредностите. Дека сакаме да живееме како слободни луѓе, кои нема да се плашат да го искажат својот став, дека ќе можеме да градиме општество на вистински вредности. Каде нема партиската книшка и суд да бидат оние кои одлучуваат. Битката измеѓу нас и нив настанува тука, онаму каде што ние сакаме да изградиме слободно општество на слободни луѓе, а тие сакаат да постанеме без'рбетници, слепи послушници. E доста е!!!


Thursday, April 7, 2016

Дали крајот вака мириса!!!!!

   Мачнина, гнев, тага, ова е она што не држи последниов период, кога наместо да гледаме напред ние стоиме во место, и тонеме во кал,  која сами си ја создаваме.   Си ја создадовме зошто молчевме,  зошто наведнувавме глава, ја вртевме главата од проблемите. А проблемите ги имаме насекаде околу нас. А се правевме дека тоа на некој друг му се случува не нас...не нас, нас ништо не не погодуваше. Ама уствари не било така, сето тоа се таложело во нас, ни се редело во душата, систематски не убивало. Еден ден се освестивме, некој не плисна со вода, и што видовме во огледалото, видовме зомбија кои механички живеат, не размислуваат, не чуствуваат. Е од тука започна гневот, гневот на потиснатоста, на убиените надежи.......Ама самите сме си криви......
      Сега дојде време да ја кренеме главата да си ја вратиме надежта, да си ја вратиме насмевката, која некој ни ја украл, да се обидеме да почнеме да гледаме напред, да започнеме да ја градиме иднината.
       Меѓутоа за да дојдеме до тој момент, прво треба да ги казниме оние кои не затворија во минатото, кои не убија духовно. Борбата треба да биде со нив, лично со нив, не со партијата, лично и персонално со нив.  Бидејки кукавички криејки се зад партија и идеологија систематски не уништуваа. И тоа не само нас него и на нашите идни поколенија, дури и на оние кои сеуште не се родени. А штетата не е само материјална штетата е на сите нивоа. Затоа од тука треба да го започнеме крајот.
      А се си има свој крај, ѓаволот секогаш доаѓа на крај со сметката. Само овај пат сметката е многу поголема, и плаќањето треба да биде правилно извршено, и треба да биде поука за сите идни политичари, функционери, дека народот кога ќе се освести, сметката пристигнува. Народот не е играчка, која можеш да ја искористиш и фрлиш, народот е тој што одредува, кој ќе го води , кој ќе се грижи за него.  Кога не ги добива очекуваните резултати реагира, можеш да покушаш да го надмудриш, но нема да успееш, можеш да пробаш да го потиснеш, но тоа е времено. А колку повеќе го држиш потиснат неговата реакција ќе биде толку побурна.
      А тука е крајот, за едни тој крај ќе е победа за други ќе е ноќна мора, ќе е проблем во кој самите си влегле. За некого крајот ќе мириса на слобода, за друг крајот ќе мириса на затворска ќелија, кој како си ја наредил.