Thursday, April 7, 2016

Дали крајот вака мириса!!!!!

   Мачнина, гнев, тага, ова е она што не држи последниов период, кога наместо да гледаме напред ние стоиме во место, и тонеме во кал,  која сами си ја создаваме.   Си ја создадовме зошто молчевме,  зошто наведнувавме глава, ја вртевме главата од проблемите. А проблемите ги имаме насекаде околу нас. А се правевме дека тоа на некој друг му се случува не нас...не нас, нас ништо не не погодуваше. Ама уствари не било така, сето тоа се таложело во нас, ни се редело во душата, систематски не убивало. Еден ден се освестивме, некој не плисна со вода, и што видовме во огледалото, видовме зомбија кои механички живеат, не размислуваат, не чуствуваат. Е од тука започна гневот, гневот на потиснатоста, на убиените надежи.......Ама самите сме си криви......
      Сега дојде време да ја кренеме главата да си ја вратиме надежта, да си ја вратиме насмевката, која некој ни ја украл, да се обидеме да почнеме да гледаме напред, да започнеме да ја градиме иднината.
       Меѓутоа за да дојдеме до тој момент, прво треба да ги казниме оние кои не затворија во минатото, кои не убија духовно. Борбата треба да биде со нив, лично со нив, не со партијата, лично и персонално со нив.  Бидејки кукавички криејки се зад партија и идеологија систематски не уништуваа. И тоа не само нас него и на нашите идни поколенија, дури и на оние кои сеуште не се родени. А штетата не е само материјална штетата е на сите нивоа. Затоа од тука треба да го започнеме крајот.
      А се си има свој крај, ѓаволот секогаш доаѓа на крај со сметката. Само овај пат сметката е многу поголема, и плаќањето треба да биде правилно извршено, и треба да биде поука за сите идни политичари, функционери, дека народот кога ќе се освести, сметката пристигнува. Народот не е играчка, која можеш да ја искористиш и фрлиш, народот е тој што одредува, кој ќе го води , кој ќе се грижи за него.  Кога не ги добива очекуваните резултати реагира, можеш да покушаш да го надмудриш, но нема да успееш, можеш да пробаш да го потиснеш, но тоа е времено. А колку повеќе го држиш потиснат неговата реакција ќе биде толку побурна.
      А тука е крајот, за едни тој крај ќе е победа за други ќе е ноќна мора, ќе е проблем во кој самите си влегле. За некого крајот ќе мириса на слобода, за друг крајот ќе мириса на затворска ќелија, кој како си ја наредил.

No comments:

Post a Comment