Деновиве имаме протести, и како што кај нас бидува во последно време имаме и контрапротести. Е тука има една суштествена разлика, јас сум на протестите по сопствена желба и убедување, да го искажам своето незадоволство од тоа по кај пат одиме ние како држава, како народ, пред се како општество. Дали сакаме општество на слободни луѓе, или сакаме група безрбетници, кои се спремни за сендвич, прошетка до Скопје, работно место да продадат буквално се, дури и својата „стручност“. А колку вреди стручноста??? Пострашно колку вреди образот??? Дали утре нема да ви биде непријатно кога на идните генерации ќе им кажувате, дека сте биле на контрапротести, дека сте подржувале или замижувале пред криминалот, пред уривањето на системот на вредности. Уствари дали и би кажале како сте стигнале до вашето работно место??? Дали би кажале на кој начин сте го изгубиле достоинството???? Како сте се претвориле во бројка на списокот на потенцијални гласачи на партијата????
Секако немате одговор на прашањата, имате само горчина во душата која нема како да ја избркате, сте ја голтнала, неможете да ја плукнете. Сте влегле во маѓепсан круг на голо преживување, кое ве прави гневни, прво на се околу вас, а после најстрашно и на вас. Е тука настанува проблемот, проблемот кога не можете да го кажете вашето мислење, мислење кое е различно од страшниот суд на партијата, која ве вработила, и ве претворила во безгласник, кој треба само да ракоплеска и да вика браво.
Е токму такви им требаме што повеќе, луѓе должници, кои се спремни и сопствените мајки да си ги продадат за фотеља. Луѓе кои зачувувајќи си го својот лажен комодитет, ќе застанат во одбрана и на неодбранливото, на очигледниот криминал кој ни се случува пред очи, на очигледното казење преку лешеви, се со цел да се спаси по секоја цена сопствениот задник, да се задржи власта.
Баш против тоа излегувавме на улица задниве денови, да им дадеме јасно на знаење дека е доста од криминалот, доста е од монтираните политички случаеви, доста е од лагите, доста е од уривањето на вредностите. Дека сакаме да живееме како слободни луѓе, кои нема да се плашат да го искажат својот став, дека ќе можеме да градиме општество на вистински вредности. Каде нема партиската книшка и суд да бидат оние кои одлучуваат. Битката измеѓу нас и нив настанува тука, онаму каде што ние сакаме да изградиме слободно општество на слободни луѓе, а тие сакаат да постанеме без'рбетници, слепи послушници. E доста е!!!
No comments:
Post a Comment