Monday, September 19, 2016

„Експерти“ и „експертска анализа“

Гледам, организирале пленарна седница за состојбите и причините за поплавите од 6 август. Таму се  собрале „експерти“ се кој од кој и ќе оценуваат (бранат) кој што направил и како направил. Нивното „експертско“  знаење се должи на долгогодишното калчиство во фирмите на вујче. Па така како „експерти“  решиле да заклучат кој и зошто е крив, или не  е крив, по принципот на партискиот суд, за состојбите, и за тоа дали можеле или не можеле да се спречат некои состојби, или да се делува превентивно врз нив. 
Додека тие мудруваат фактите викаат друго имам 22 починати лица, 30 повредени, имаме  онеспосoбенa делница, имаме штети на личен имот, за кои  и после 40 дена немаме информации колкави се, какви се  и пред се кој ќе ги плати.  После 40 дена ние немаме одговор дали несреќата би се спречила или би била помала, ако некој соодветно  си ја завршел работата. Дали МВР , сектор за патен сообраќај   потфрлил во моментот. Дали  има одговорност за неисчистените канали, или можда несоодветна реакција кај надлежните институции во однос на одржувањето на овие канали, санкции за они кои фрлаат земјоделски, градежен отпад во нив. Дали давањето на ангро дозволи за градба на објекти предизвикуваат изместување на  водните текови во Скопската котлина, кои придонесуват до ваквите настани.  Дали е извршена неконтролирана сеча на Скопска Црна Гора, која може да биде причинител за ерозија, лизгање на земјиштето. 

Сите овие прашања народот, пред се онај кој живее таму очекува да бидат одговорени, а и сите ние.  Снимањето пред камери,  организирањето „експертски“  дискусии кои завршуваат на ист начин како и секоја дискусија пред селска кооперација(само што дискутантите, земаат по 3000-5000 евра месечно државни пари)...едноставно немаат ефект. Затоа дајте ги одговорите, ама одговорите да  бидат поставени на правите адреси кај луѓе од соодветната област, а не за состојбите да ценат циркузанти, облечени во одела, платени од наши државни пари.



П.С Зборот експерт е намерно означен со црвено, бидејќи се работи за експерти, квази експерти кои во вреќа од здрави, зрели круши, го наоѓаат скапаното јаболко.


П.П.С Најгрдо нешто за мене во светот, е да собираш политички поени врз гробови...а кај нас во Македонија, баш тоа ни се случува, а тоа не е здраво..Тоа кажува колку ментално ни е заостанато општеството. 

Thursday, September 1, 2016

На грешен колосек

Случајно пребарувајки по архиви ја најдов оваа песна од култните Индексово Позориште, своевремено го реметеа  режимот на Милошевич.
https://www.youtube.com/watch?v=ALDXqDJl1-4


Епа драги, на истиот пат сме тргнати, наместо на колосекот накај Европа, ние цврсто и забрзано се движиме по колосекот на омраза, навреди, национализам....На патот на кој на последната станица се болката, џемерот, јадот. А успатно од конвојот Македонија, со полни торби ќе слезаат разбојниците, кои не соблекоа до гола кожа и под тоа.


ЗАТОА, ПАМЕТОТ ВО ГЛАВА.

Thursday, August 4, 2016

Што отвори денес, охридскиот градоначалникот Бакрачески

Денес после три години неработење во Охрид, поточно во селото  Пештани,  беше (ре)-отворена селската амбуланта. Во Пештани до пред 3 години постоеше концесионер , од примарна медицина, кој ги покриваше реоните на Пештани, Трпејца, Љубаништа. Концесионерот функционираше со исти правила и принципи како да се наоѓа во Центар на Скопје без додатоци за патни трошоци и слично. Функционираше исто како во центар на било кој поголем град, каде со замавнувањето со еден прст можат да се соберат 1000 пациенти, колку што е доволно за да може еден концесионер за примарна здравствена медицинска заштита да функционира.  На областа која ја покриваше амбулантата во Пештани по лична карта живеат 2000 луѓе, од кои поголем дел активно живеат во Охрид, со што нормално е да се насочат за здравствена заштита кон амбулантите за примарна заштита во Охрид. Дел по роднински и пријателски врски се запишуваат за матични пациенти во амбуланти во Охрид. Амбулантата во Пештани додека функционираше со предходниот концесионер функционираше со меѓу 650-800 пациенти, или во превод измеѓу 35.000-45.000 денари месечно.  Пари со кои е плаќан комплетен медицински тим, доктор и сестра, трошоци, кирија, струја, вода, гориво одржување на  возилo. Често пати докторката мораше да ги враќа поголем дел од својата плата за покривање на дел од овие трошоци. Вредно за напоменување е дека кога започна концептот на коцесионерство во примарната заштита, докторката која беше затекната таму во тој процес од свој џеб вложи околу 5500 евра за реновирње на руинираниот објект, за да може да ги задоволува потребите за нормално работење и  прегледување на пациентите. Орданицијата располагаше со две ЕКГ, солукс лампа, апарат за шеќер, инхалатор, александров шприц(за испирање уши), работеше повеќе од предвидените 40 часа неделно. 
До ФЗОМ и Министерството за здравство, секојдневно беа праќани писма со барање за решавање на судбината на амбулантата плус амбулантите во околните села Белчишта, Куратица,Лескоец од другата страна немаше разбирање ни да биде разгледан проблемот, за на крај онака соломонски стручњаците од двете институции да заклучат дека од знакот излез на Охрид до знакот влез во Пештани има 12.5км што не ги задоволува критериумите за рурално подрачје. После сите овие перипетии концесионерот, со загуба на лични средства во износ од 10.000 евра, две наполно оштетени возила со вредност од 9000 евра,  возејќи по кривулестиот пат и во зимски услови кон Љубаништа, кога и автобусите на Галеб не се обраќаат на линија Пештани- Св.Наум, ја откажува својата концесија на оваа амбуланта. Бидејќи преку нејзе локалните и државните власти сакаат да го купуваат социјалниот мир во регионот.
И секако следи одговор на прашањето, што отвори денес градоначалникот Бакрачески заедно со секретарчето Димитар Спасески и директорот на ФЗОМ Сашо Стефаноски.  Денес отворија, амбуланта во која не вложија ни 5 пари, него преку некој „закон за рурални подрачја“ донесен со дискреционо право на минситерот  отворија амбуланта во која не вложија пет пари. Амбулантата има нова струјна инсталација, молерисана, покривот оправен да некапи на сметка на минатиот концесионер. Отворија амбуланта без медицински персонал, само со доктор, надвор од сите нормативи и закони.

Friday, June 10, 2016

Не бе брате нема правда!!!

     Револтиран, нервозен, разочаран, со гнев во очите се движам секој ден. Гледам на секој чекор упропастени животи, разурнати фабрики, напуштени домови, скршени луѓе. А кој е крив, кој не донесе до тука, до точка до која поблиску е дното, а 101 пат подалеку од врвот на провалијата, во која сме турнати, во која сме израснале. Сме раснеле додека сме пропаѓале, не заглавувале.
     Ќе речеш брат зошто толку го дрвиш, ама разбери ме брат морам.....морам да им го ставам макар и со сила прстот на главатa и да разберат. Да разберат дека се претворени во обична статистика, во обична цртичка, како оние од табланет, кога како овчички ги бележат кога одат на гласање, или ги влечат на некакви собиранки за „одбрана“ на Македонија. За која одбрана бе, брат, од кога ќе ја бранат..од мене..од тебе.....од нивните пријатели....кои е предавник, бе брат јас, ти, кој??? Јас ли сум предавник, зошто сакам утре да живеам подобро од денес..не сфаќам..зошто сум предавник, зошто сакам утре да сoздавам фамилија, која ќе сакам да живее подобро од мене....За тоа ли сум предавник???? Или сум можеби предавник, зошто не отидов после дипломирањето да побара да ме вработат во државна администрација, и да  плукнам во се за што се борев..Предавник сум зошто до сега никој не ми кренал телефон и не ми рекол дојди да ја „браниш“ Македонија.
        Предавник сум, хулиган сум затоа што осеќам револт, секогаш кога ќе прочитам за некоја неправда извршена врз некоја напатена душичка, како чичкото со марулите, кој за да си обезбеди 200 денари денес за леб, и патлиџан мораше да плати 15.000 денари казна, а до него некој има текстил со роба повеќе од бутик, ама не го виделе. Не дека не го виделе, него им било кажано да се направат на слепи, ама  мора брат да се прават тоа....Го дале својот задник под кирија, образот им е направен како ѓон од зимски кондури...Ништо не осеќаат. Викаш правда, закон, сите ќе ги стаса, тешко брат кај нас..Еве отвори весници прочитај види разгледај...човек украде 50 ќебапи, опс, одма затвор, одма пресуда,  друг рушел незаконски, брцнал со рачето во државниот буџет ама ништо, се прошета денес ко по модна писта..па и уште неубедува, не не сум јас крив, тоа некој така ви вика дека сум јас, ама не сум јас, јас не сум тој кој го слушавте на прислушуваните разговори. Тоа е некој друг кој ме глуми мене. Како бе брат да не си гневен ...Како бе брат правда, која правда бе брат...........
       Зарем правда е кога ќе злоупотребиш лице со интелктуална попреченост, за остварувања на своите гнасни сценарија........
        Нема правда брат, овде, овде брат од дамна е раштимана вагата на Јустиција, од дамна натежнува кон тие кои имаат повеќе пари, кои можат да ја купат правдата. Кои можат со сила да ја навалат на своја страна вагата на правдата. А како викаат кај има сила нема правдина брат!!! Затоа ни останува сами да си се избориме за правдината. И за нашата и за сите оние на кои им е потребна. 


П.С Се додека, некаков лажен комодитет ви е побитен од се друго, се додека партијата ја гледата како агенција за вработување, се дотогаш ќе тонете..ќе ерозирате морално како личност...ќе тонете и професионално, бидејќи и не сте биле а и нема бидете професионалци.....а нема да бидете се додека не се одглавите од фекалиите во кои сте  влегле, кога сте тропнале на вратата на партијата да бидете вработени како нејзини верни поданици.......До тогаш Бог и нас и вас да ние напомош.



Sunday, June 5, 2016

Шарам, марам, правда барам!!!!

    Сопствениот комодитет е нешто најдобро признавам. Кога зборуваш за сопствените проблеми  80% од луѓето им е гајле за нив, н 19% им е мило што ги имаш.....А само  1% од луѓето можат вистински да те сослушаат и да ти помогнат. Е во таков стил е изградено и нашево општество, луѓе на кои сопствениот комодитет им е најдобро решение, влегуваат како хрчаци во тркало и вртат ли вртат. Одат и се враќаат од работа, ја плукаат работата, државата, го пцујат општеството, системот.  Да имаат право системот е трул, расипан, смрди од внатре. А што тие/ние/јас   направиле  да го смениме тој систем????
      Не сме направиле ништо....излегуваме од работа седнуваме кафе и мрчиме, или легнуваме пред ТВ со таблетот во раце и плукаме и плукаме.....А не преземаме ништо.....Гледаме читаме како гинат луѓе во сообраќајки, се гасат животи поради лекраска грешка, гледаме лоши здравствени и образовни реформи, гледаме корумпирано судство.....а не реагираме......Е треба да почнеме да реагираме, треба јавно и непоклебливо да истапиме и да ја побараме правдата, не само за нас, него и за нашиот другар, комшија, роднина, за незнајниот, за мајката која цел живот ќе плаче на ладниот мермер..Треба да го нарушиме сопствениот комодитет, за да оние кои ќе дојдат после нас, да  живеат подобар живот, па дури и ние самите да живееме подобро утре. Што е нормално, да секој посакува да живее подобро утре од денес....Е таа борба бара жртва, таа жртва е сопствениот комодитет.
         Бојата од спомениците ќе се измие, но совеста и образот не. Совеста за тоа дека сме допуштиле некој да не претвори во хрчаци кои само вртат и вртат на тркалото, образот со кои некои од нас отишле да бранат криминал  со решение за работа издадено од партија, тешко дека ќе се измијат.


П.С Излезете луѓе прошетајте, бар еднаш после 6 од пред СЈО, да го видите напливот на енергија,  желбата за правда..Видете како луѓе кои се на крајот на 5 деценија или на почетокот на 6 деценија , излегуваат  и ја бараат правдата....ја бараат правдата за своите деца кои се по светот, или во кафичите расправајќи како системот нечини, а не се спремни да  го растурат сопствениот комодитет
П.П.С ДА МУ Е*АМ МАЈКАТА НА ЦАРОТ И ЦЕЛА ЦАРСКА СВИТА (Сашко Тасев Секс, Дрога, Рок енд Рол)

Tuesday, April 26, 2016

И јас сум хулиган!!!

 Ако тоа да сакаш подобар живот, да сакаш право на свое мислење, ако борбата за подобро утре е хулиганство....Тогаш да јас сум хулиган, и тоа најлошиот.....Да хулиган сум.....
Едноставно таков сум, сака утре да живеам подобро од денес, сакам да можам со моите другари да седнам пиво на кафе....Сакам другарите, роднините да ми бидат тука.....Не сакам да ми  се раселуваат низ светот....Не сакам јас да бегам од тука......Ама ќе морам.....Не сакам оние кои имаат потреба од лек, да зависат од милоста на тендер мајсторите.....Не сакам корумпирано судство, не сакам да се тепам со полицајци.
  Сакам само слободно општество во кое секој ќе си го искаже својот став. Во кое стручноста, посветеноста ќе имаат поголема тежина од членската книшка. Сакам општество во кое ке се оценува човекот, делото..не партиската припадност.
  Е за такво општество вреди и треба да се води битка, дури и по цена на сопствениот комодитет, подобро со лисици на рацете и со крената глава, него ли со свиткана опашка во задник и со сендвич во рака.

Sunday, April 17, 2016

Сакаме слободно општество, засновано на вистински вредности

  Деновиве имаме протести, и како што кај нас бидува во последно време имаме и контрапротести. Е тука има една суштествена разлика, јас сум на протестите  по сопствена желба и убедување, да го искажам своето незадоволство од тоа по кај пат одиме ние како држава, како народ, пред се како општество. Дали сакаме општество на слободни луѓе, или сакаме група безрбетници, кои се спремни за сендвич, прошетка до Скопје, работно место да продадат буквално се, дури и својата „стручност“. А колку вреди стручноста??? Пострашно колку вреди образот??? Дали утре нема да ви биде непријатно кога на идните генерации ќе им кажувате, дека сте биле на контрапротести,  дека сте подржувале или замижувале пред криминалот, пред уривањето на системот на вредности. Уствари дали и би кажале како сте стигнале до вашето работно место??? Дали би кажале на кој начин сте го изгубиле достоинството???? Како сте се претвориле во бројка на списокот на потенцијални гласачи на партијата????
  Секако немате одговор на прашањата, имате само горчина во душата која нема како да ја избркате, сте ја голтнала, неможете да ја плукнете. Сте влегле во маѓепсан круг на голо преживување, кое ве прави гневни, прво на се околу вас, а после најстрашно и на вас. Е тука настанува проблемот, проблемот кога не можете да го кажете вашето мислење, мислење кое е различно од страшниот суд на партијата, која ве вработила, и ве претворила во безгласник, кој треба само да ракоплеска и да вика браво.
  Е токму такви им требаме што повеќе, луѓе должници, кои се спремни и сопствените мајки да си ги продадат за фотеља. Луѓе кои зачувувајќи си го својот лажен комодитет, ќе застанат во одбрана и на неодбранливото, на очигледниот криминал кој ни се случува пред очи, на очигледното казење преку лешеви, се со цел да се  спаси по секоја цена сопствениот задник, да се задржи власта.
  Баш против тоа излегувавме на улица задниве денови, да им дадеме јасно на знаење дека е доста од криминалот, доста е од монтираните политички случаеви, доста е од лагите, доста е од уривањето на вредностите. Дека сакаме да живееме како слободни луѓе, кои нема да се плашат да го искажат својот став, дека ќе можеме да градиме општество на вистински вредности. Каде нема партиската книшка и суд да бидат оние кои одлучуваат. Битката измеѓу нас и нив настанува тука, онаму каде што ние сакаме да изградиме слободно општество на слободни луѓе, а тие сакаат да постанеме без'рбетници, слепи послушници. E доста е!!!