Saturday, January 21, 2017

А војна да имаме???

„А, војна да имаме?“-М.П кон министерката за внатрешни работи  Г.Ј, извадок од бомбите на СДСМ.


    Деновиве ги гледам растрчани и впуштени во Дон Кихотски битки, против некои „силни непријатели“, на сето тоа додадена неинформираноста,  и техничката неписменост на народот се зголемува тој наплив за борба, против „ветерниците“. Е сега таа борба не е проблем, ама кај адолесценти, сите кои ја надминале таа доба, а се впуштаат во ваква борба, сериозно треба да размислат за посета на својот матичен лекар кои би ги упатил на понатомашно лекување. Затоа мојата препорака е со ладни глави, да се чита секое соопштение , и да се пристапува со одредена доза на сомневање кон се што ќе слушнете и прочитате, и видите, и секако најбитното од се проверете ги фактите. Денес е барем лесно, преку т.н интернет, тој памти се и знае се.
      Само на овој начин ќе се спасиме од нови жртви, кои ги посакуваат, се со цел да си го спасат нелегално стекнатото богатство, и да се спасат од одговорноста.

Wednesday, January 18, 2017

Направивте да ни се згади, од животот, да почнеме да хибернираме, Честитам!!!!

   Што е политика??? Политика е се она што не опкружува , се она од што живееме и за кое живееме. Политка е загаденоста на воздухот, политика е образовниот и здравствениот систем, од политиката зависи висината на минималната и просечната плата. Од политиката зависат работничките права, од политика зависи цената на нафтата, од политика зависи дали ќе имаш топол дом. Политиката е се таа е двигател, од неа се почнува и со неа се завршува, како што таа може да крене, може и да тресне.
     А што направивте вие??? Направивте да ни се згрози, да не мислиме на политика, да не не интересира ништо, да почнеме да хибернираме, и да ќутиме и дa се крстиме во тоа дека има и полошо. Браво ви честитам!!! 
     Создадовте роботи, кои го почнуваат и завршуваат денот со мисла што утре??? Што не гледаат подалеку од утре. А со која цел??? 
         Целта е јасна, да можете полесно да манипулирате со нив, им(ни) ги наполнавте главите со турски серии и ефтин  турбофолк, не убедивте дека сме ариеска раса, од која се потекнало. Не убедивте дека политиката е шљам, а вие ќе не спасите од шљамот. А уствари не сето тоа го правите со цел што побезбедно да си ги одвезете милионите, а нас да ни оставите да ги враќаме. Е кога ќе дојдат да ни наплатат за она што сте го зеле, можда тогаш ќе престанеме да хибернираме, ама ќе биде касно. Возот Македонија ќе биде опљачкан, ајдутите со товарот заминати, а ние ќе останеме со празни џепови. 

Saturday, November 19, 2016

Дали е време да се заборави Македонскиот синдром заб за заб, око за око!!!

         Сабота, прекрасен ден за прошетка, ги крстосуваме Скопските улици со пријател, кои го познавам долг период, и изузетно го почитувам, почнуваме онака неформални политички теми со нафрлање, во еден момент поминуваме на местото на поранешниот парк кај хотел Бристол, на чие место денес има неколку изворедно грди и глупави згради(бар за мој вкус). На мојата констатација дека на ова место треба вратен паркот, ми постави прашање кое ми ги размрда виугите, кое ето ме потикна на елобарација, дали не ти е доста од тоа Скопје личи на градилиште и од трошење на непродуктивност, на замарање со идиотски работи???
         Епа ке ви го кажам одговорот што и него му го кажав, да доста е...доста е од идиотски проекти, со кои си ги лечиме комплексите, со кои сакаме да покажеме дека сме надмоќни над другите, доста создаваме поделби....Треба да градиме општество со натпреварувачки дух..нешто што последниве 10 години го уништија и изфрлија како концепт, а поставија нов концепт на покажување сила и надмоќ. Преку таа сила и надмоќ уништија се што е вредено, ја уништија природата, историјата, здравството, школоството...Вршеа реваншизам, се дрзнуваа надвор од сите морални и христијански вредности на кои се повикуваат  да лажат, да клеветат, да приредуваат шоу преку тегнење за уши, легнување на земја....Да тоа што го направиле треба да им се наплати, ама треба да им се наплати лично нив, не на нивните семејства, не на нивните пријатели, не на нивните гласачи. 
             Затоа треба да испаднеме по доблесни и треба да престанеме да се држиме до онаа народната око за око , заб за заб.....него треба порано да делуваме превентивно, да го вратиме натпреварувачкиот дух во општеството..Да почнеме да го деконтамираме општеството од партијата. Да ја оставиме правдата да си ја врши својата работа,  да престанеме да мислиме дека сме над другите, за да некако успеме да ги вратиме вистинските вредности, и да им оставиме на идните генерации здраво општество.

            Знам дека ова звучи како еутопија, ама мораме да го консолидираме нашево општество, бидејќи единствен начин да се зачува постоењето на една држава еден народ е тоа....само и само преку создавање на здраво општество. Општество во кое главниот збор ќе го има индивдуата, ќе се слуша индивидуалниот а не партискиот став, по многу прашања. Партијата ќе биде сведена на маргините.


П.С Иако на членови на мојата фамилија во изминатиов период им беше вршена тортура, притисок, беа носени по судови, беа лажно пријавувани и клеветени...јас, ниту пак некој од нив нема  намера да се одмаздува за тоа, секој човек поединечно си го носи товарот на своите дела и недела.
П.П.С Ѓаволот на крај е како келнер, секогаш доаѓа со сметка .

Thursday, November 3, 2016

Апсолутната власт, апсолутно аздисува

     Хм, гледам и се чудам,  човек кој ете требаше да е прв социјалец во државава, кој требаше да се грижи за сите оние кои имаат некакви проблеми, кои требаше да помогне на безпомошните, на оние на кои им треба помош, онака безкруполозно, безникаква грижа на совест се однесува како „плејбој“, вози кое сака возило, ги вози најубавите девојки, ја има целата моќ во себе. Сето тоа би било во ред ако тоа го прави со свои пари и свој имот, не да „позејмува“ возило од службата со кој нема никаква допирна точка. Ама ето му се бендисало тоа возило, и мислел дека со него ќе „повози“ повеќе девојки, пошто ето детето има проблеми со самоувереноста, мислел дека ете Туарегот ќе му ја врати самоувереноста.
      И сето тоа не би било страшно, ако не разберевме на најсмешниот и најидиотскиот начин, да биде приведен од полицајци, поради возење во алкохолизирана  состојба и напуштање на местото на несреќа....де факто избегал од полиција. Ама бил бркан од „криминалци“, кои ето решиле вечерта успатно да му направат атентат на „најголемиот лик“ во Македонско Ослободителната борба од странскиот чадор. Ве молам не ме смејте.......најдете други жртвени јагниња и нив објаснувајте им за ликот и делото на „швалерот“.
       Но не само тој и не е сам, има и други , од кои вредно учеше, ете првиот министер ни сакаше и си купи „убавица“ од автомобил, чисто да ужива во неговите патувања. А секако сето тоа да го прави надвор од очите на јавноста, за која нема пари за операции, за која нема пари за цитостатици, за веце-а во училиштата и градинките. Градинките ќе се прават во иднина, ама мерцедесот ќе се купи сега.
         Па на крај дури и се одлучија да си ги исполнат  и влажните сништа , и да си изградат, цел лего стиропор град....а пуштија 100 млади животи да згаснат ради немањето пари за лекови и лекување во странство, при бидејки министерот за здравство(инаку пропаднат правник по професија), решил да купува симулатори како би научил да оперира, и да им држи предавање на неговите Охридски „колеги“.

Тодоров, објаснува како се оперира



П.С И на крај сето тоа убаво им врви бидејќи си имаат кученца, кои едноставно и за ситни коскички ќе си ги пенават устите, а нас ќе пробаат да ни го поматат умот. Ама ето мене не успеваат, си стојам настрана и си се смеам на нивните фикс идеи, за кои ако би бил доктор, од дамна би им препишал, престој во специјализирани установи.

Tuesday, September 27, 2016

Пеколот надграден и проширен према заслугите

     Ако во Божествената Комедија на Данте Алигиери има  9 круга, а во 9-тиот круг се наоѓаа најлошиот џган, се наоѓа и самиот Луцифер, тогаш Данте не бил визионер или бил едноставно оптимист, дека Сатаната е најлошото што може да излезе. Ама изгледа не знаел за  Македонија, за нејзините политичари и големци. Не знаел за луѓе кои за себе тврдат дека се најголеми верници во Бога, а во суштина се полоши и од Сатаната. Едноставно Луцифер може вода да им носи. Едноставно ни на сон не му излегло дека ваков џган од луѓе ќе постои, кои и родената мајка би си ја продале само за власт. И родените деца би ги турнала во оган само и само да земат плус некое денарче во сопствениот џеб. Едноставно болесно......ниту еден доктор неможе да помогне, ниту еден бајач, никој........Бидејќи се работи за луѓе без душа, без осет, без чуство за општествена и друштвена одговорност.
      Затоа пеколот треба да се прошири и надгради со уште еден круг а тоа е 10-иот во кој треба да се стави Македонската актуелна политичка свита, која троши  околу пола милион евра за патни трошоци а нема 800.000 евра за заболени од ретки болести.  Нема за настраданите во поплавите, наместо да даде каде што треба, таа зема. Еј, луѓе кои болен ум треба да си за да од телефонските донации за децата кои треба да се лечат во странство, наплаќаш данок...наместо да помогаат, одмагаат.
       Е мој Луциферу, ако си правел експеримент која ти е крајната граница, на лоши луѓе кои можеш да ги создадеш,  си успеал, си се зезнал самиот себе си...си изградил  луѓе без трошка душа (а замисли тужат за нанесена душевна болка), луѓе без грам свест, луѓе, нелуѓе, „луѓе“ на кои едиствениот двигател  во животот им се парите и моќта.  Моќта која ја хранат од трупови, од лелеци, болки.  Луѓе кои се радуваат на тоа што гледаат како создаваат болка, лелек, и не се ни колебаат кога треба да го направат тоа.

Monday, September 19, 2016

„Експерти“ и „експертска анализа“

Гледам, организирале пленарна седница за состојбите и причините за поплавите од 6 август. Таму се  собрале „експерти“ се кој од кој и ќе оценуваат (бранат) кој што направил и како направил. Нивното „експертско“  знаење се должи на долгогодишното калчиство во фирмите на вујче. Па така како „експерти“  решиле да заклучат кој и зошто е крив, или не  е крив, по принципот на партискиот суд, за состојбите, и за тоа дали можеле или не можеле да се спречат некои состојби, или да се делува превентивно врз нив. 
Додека тие мудруваат фактите викаат друго имам 22 починати лица, 30 повредени, имаме  онеспосoбенa делница, имаме штети на личен имот, за кои  и после 40 дена немаме информации колкави се, какви се  и пред се кој ќе ги плати.  После 40 дена ние немаме одговор дали несреќата би се спречила или би била помала, ако некој соодветно  си ја завршел работата. Дали МВР , сектор за патен сообраќај   потфрлил во моментот. Дали  има одговорност за неисчистените канали, или можда несоодветна реакција кај надлежните институции во однос на одржувањето на овие канали, санкции за они кои фрлаат земјоделски, градежен отпад во нив. Дали давањето на ангро дозволи за градба на објекти предизвикуваат изместување на  водните текови во Скопската котлина, кои придонесуват до ваквите настани.  Дали е извршена неконтролирана сеча на Скопска Црна Гора, која може да биде причинител за ерозија, лизгање на земјиштето. 

Сите овие прашања народот, пред се онај кој живее таму очекува да бидат одговорени, а и сите ние.  Снимањето пред камери,  организирањето „експертски“  дискусии кои завршуваат на ист начин како и секоја дискусија пред селска кооперација(само што дискутантите, земаат по 3000-5000 евра месечно државни пари)...едноставно немаат ефект. Затоа дајте ги одговорите, ама одговорите да  бидат поставени на правите адреси кај луѓе од соодветната област, а не за состојбите да ценат циркузанти, облечени во одела, платени од наши државни пари.



П.С Зборот експерт е намерно означен со црвено, бидејќи се работи за експерти, квази експерти кои во вреќа од здрави, зрели круши, го наоѓаат скапаното јаболко.


П.П.С Најгрдо нешто за мене во светот, е да собираш политички поени врз гробови...а кај нас во Македонија, баш тоа ни се случува, а тоа не е здраво..Тоа кажува колку ментално ни е заостанато општеството. 

Thursday, September 1, 2016

На грешен колосек

Случајно пребарувајки по архиви ја најдов оваа песна од култните Индексово Позориште, своевремено го реметеа  режимот на Милошевич.
https://www.youtube.com/watch?v=ALDXqDJl1-4


Епа драги, на истиот пат сме тргнати, наместо на колосекот накај Европа, ние цврсто и забрзано се движиме по колосекот на омраза, навреди, национализам....На патот на кој на последната станица се болката, џемерот, јадот. А успатно од конвојот Македонија, со полни торби ќе слезаат разбојниците, кои не соблекоа до гола кожа и под тоа.


ЗАТОА, ПАМЕТОТ ВО ГЛАВА.